Samsung се очекува да го претстави A8 на CES 2018

Објавено на 17.12.2017 во Новости



Samsung се очекува да го претстави A8 на CES 2018

Samsung и LG ќе претстават нови смартфони од средната класа на Consumer Electronics Show во јануари. Samsung ќе ги презентира Galaxy A8 и A8+, додека LG ќе ја открија 2018 верзијата од K10 моделот.

Се разбира, овие информации не се официјално потврдени од производителите, но сите аналитичари се сигурни во ова. Samsung ќе воведе многу елементи од овогодинешниот Galaxy S8, како што е дизајнот со целосен екран Super AMOLED и поддршка за Bixby Home и Reminders, без копче за Bixby или Bixby Voice

LG K10 нема да има целосен екран, ќе биде FHD, со големина од 5.3-инчи, со 4 јадрен процесор, 3GB RAM меморија и 32GB внатрешна меморија. LG K10 ќе има поддршка со неколку новитети како што се LG Pay и FM радио. Се разбира, ова не е нешто што би ги фасцинирало корисниците. Останете со нас за CES 2018 со најновите информации на 9 јануари, кој трае до 12 јануари.

Автор: Ljupco Aleksovski




 
Најнови телефони
 
  • Watch Edition Series 3
  • Watch Series 3
  • Watch Series 3 Aluminum
  • Watch Edition Series 2 42mm
  • Watch Series 2 42mm
  • Watch Edition Series 2 38mm
  • Watch Series 2 38mm
  • Watch Series 2 Aluminum 42mm
  • Watch Series 1 Aluminum 42mm
  • Watch Series 2 Aluminum 38mm
 


{}