Apple призна дека има успорување кај постарите iPhone смартфони

Објавено на 21.12.2017 во Новости



Apple призна дека има успорување кај постарите iPhone смартфони

Apple одговори на обвинувањата на повеќе корисници кои ги тестираа постарите iPhone смартфони на бенчмарк сајтови при што утврдија дека застарените батерии го успоруваат процесорот и ги влошуваат перформансите на мобилните уреди.

Од Apple велат дека постои софтвер што не дозволува батеријата да падне под утврдено ниво на оперативност, а исто така се спречува и можноста смартфонот да се исклучи при многу ниска температура и да не функционира.

Според Apple нема ништо спорно во ваквиот софтвер бидејќи не е целта да се влошат перформансите на iPhone смартфоните кои со текот на времето го губат капацитетот на батеријата, туку да се обезбеди оптимално функционирање.

Проблемот лежи во тоа што Apple досега молчеше за ваквиот софтвер и не одговараше додека постоеја шпекулации дека намерно се компромитираат пеформансите на постарите уреди, за дури сега да ги извести своите корисници откако на површина испливаа докази.

 





 
Најнови телефони
 
  • Watch Edition Series 3
  • Watch Series 3
  • Watch Series 3 Aluminum
  • Watch Edition Series 2 42mm
  • Watch Series 2 42mm
  • Watch Edition Series 2 38mm
  • Watch Series 2 38mm
  • Watch Series 2 Aluminum 42mm
  • Watch Series 1 Aluminum 42mm
  • Watch Series 2 Aluminum 38mm
 


{}