Huawei се договори со Nokia за патентите

Објавено на 22.12.2017 во Новости



Huawei се договори со Nokia за патентите

Huawei постигна значаен договор со телекомуникациската компанија Nokia за користење на повеќе патенти за мобилна технологија со што си обезбеди правна сигурност во настапите на различни пазари низ светот, како и можност за напредок на повеќе свои производи. 

Финансиски детали од договорот не се познати, освен тоа што Huawei за почеток ќе изврши еднократна уплата, а потоа во наредните години ќе обезбедува соодветен надомест за користењето на патентите на Nokia. 

Слични договори Nokia претходно достигна со Apple, Samsung и други мобилни брендови. Дивизијата за мобилни патенти на Nokia е една од најпрофитабилните во компанијата за телекомуникациска опрема.





 
Најнови телефони
 
  • Watch Edition Series 3
  • Watch Series 3
  • Watch Series 3 Aluminum
  • Watch Edition Series 2 42mm
  • Watch Series 2 42mm
  • Watch Edition Series 2 38mm
  • Watch Series 2 38mm
  • Watch Series 2 Aluminum 42mm
  • Watch Series 1 Aluminum 42mm
  • Watch Series 2 Aluminum 38mm
 


{}