Вирус за рударење криптовалути влегува преку Facebook Messenger

Објавено на 27.12.2017 во Новости



Вирус за рударење криптовалути влегува преку Facebook Messenger

Технологијата оди напред со различни иновации и софтвери, па така се појавуваат и различни современи вируси. Криптовалутите: биткоин, етереум и лајткоин, се во центарот на вниманието, кои се главна причина за појава на вируси во последно време. Прво се појавуваа скрипти на веб страниците, кои ја употребуваа вашата процесорска моќ, но во последно време тоа веќе се намали значително.

Се разбира, вирусите уште ги има, но во друг облик и ве злоупотребуваат на друг начин. Сега ги злоупотребуваат вашите компјутери за да рударат криптовалути. Претходно имаше случај со напад врз веб страниците на WordPress, кои напаѓачите ги користеа за инфицирање на малвер програма, која потоа служеше за рударење на монеро криптовалути. Се уште не е завршено со тој напад, иако интензитетот се намали во последните денови. Сега веќе е откриен нов метод со кој се напаѓаат профилите за илегално рударење преку туѓи компјутери.

Се работи за Digimine вирусот, кој инфицира преку Facebook Messenger и преку него рудари. Digimine ги рудари криптовалутите монеро, само ако Facebook Messenger го отварате автоматски и на него се пријавувате преку веб прелистувачот Google Chrome. Facebook се изјасни дека го отстранил Digimine, но се уште треба да внимавате и да го прегледувате својот компјутер, доколку го користите Facebook Messenger на Google Chrome. Ако ве интересира, претходно пишувавме рецензија дали може да креираме криптовалута и како.

Автор: Ljupco Aleksovski




 
Најнови телефони
 
  • Mate 10 Pro
  • G6
  • 3310 (2017) 3G
  • 8
  • 7
  • 6
  • 5
  • 3
  • 2
  • 105 (2017)
 


{}