Apple по скандалот за успорување ќе ги намали цените на батериите

Објавено на 29.12.2017 во Новости



Apple по скандалот за успорување ќе ги намали цените на батериите

Apple ја призна грешката со тоа што не ги известил корисниците дека воведува успорување на iPhone смартфоните преку софтверска надградба на оперативниот систем iOS за да се спречат проблеми во функционирањето штом батеријата на уредот ќе го надмине оптималното ниво на работа.

Бидејќи корисниците не беа свесни која е главната причина за успорување на уредот, од Apple ветија дека во текот на целата 2018 година ќе нудат замена на батериите на постарите iPhone смартфони за 29 долари што е попуст од 79 долари колку што чинеше претходно услугата.

Ваквиот потег, можеби нема сите да ги задоволи бидејќи Apple и натаму ќе генерира приходи со прием на нови нарачки за замена на батериите, па дури може да оствари и профит од целиот скандал што ќе биде бизарна ситуација. Во меѓувреме се зголемуваат бројот на тужби против Apple од страна на корисници за чување во тајност на целата процедура.





 
Најнови телефони
 
  • Watch Edition Series 3
  • Watch Series 3
  • Watch Series 3 Aluminum
  • Watch Edition Series 2 42mm
  • Watch Series 2 42mm
  • Watch Edition Series 2 38mm
  • Watch Series 2 38mm
  • Watch Series 2 Aluminum 42mm
  • Watch Series 1 Aluminum 42mm
  • Watch Series 2 Aluminum 38mm
 


{}