Вип отвори нов продажен салон во Неготино за подобра услуга

Објавено на 29.12.2017 во Новости



Вип отвори нов продажен салон во Неготино за подобра услуга

Со цел да биде поблиску до своите корисници и да обезбеди врвно корисничко искуство, телекомуникациската компанија Вип со задоволство го објавува официјалното отворање на новиот продажен салон во Неготино. Продажниот салон се наоѓа на нова локација, во центарот на градот, на улица “Маршал Тито” бр. 141/1 и е уреден според светските архитектонски трендови за современи комерцијални објекти.

“Денеска жителите на Неготино добиваат нов продажен салон од Вип прилагоден на потребите на нивните кориснички навики и можност непосредно да ги препознаат производите и услугите што ги бараат и на тој начин уште полесно и поедноставно да го направат вистинскиот избор за комуникација.  Целокупното ентериерно решение е во согласност со имиџот и брендот на компанијата и претставува модерен и урбан простор кој овозможува поблиска комуникација на персоналот со клиентите што ја претставува и нашата крајна цел, да обезбедиме што подобра услуга за нашите корисници”, изјави Маја Ангеловска, директор на одделот за продажба за резидентни корисници во Вип.

Во рамките на официјалното отварање сите посетители кои ќе склучат или обноват договор за своите мобилни услуги добиваат ексклузивна можност за дополнителен попуст од 3000 денари за одредени модели на телефони.

Продажната мрежа на Вип сега брои 31 салон. Ентериерното освежување ќе продолжи и во наредниот период. 





 
Најнови телефони
 
  • Mate 10 Pro
  • G6
  • 3310 (2017) 3G
  • 8
  • 7
  • 6
  • 5
  • 3
  • 2
  • 105 (2017)
 


{}