Максимална батерија! DROID RAZR MAXX доаѓа утре

Објавено на 25.01.2012 во Новости



Максимална батерија! DROID RAZR MAXX доаѓа утре

Утре Motorola го лансира, DROID RAZR MAXX опремен со огромна батерија која треба доста да го продолжи времето на издржливост.

Не само тоа, батеријата на RAZR MAXX од 3300 mAh се очекува да издржи 21,5 часа на разговор и 15,8 дена на мирување.
 
Дури и покрај овие перформанси, телефонот ќе биде дебел само 8,99mm. Другите перформанси велат 16GB внатрешна меморија, заедно со microSD картичка од 16GB – во оваа комбинација телефонот чини 300 долари, додека како верзија со само 16GB чини 200 долари.
 
Со повеќе информации ќе ве снабдиме при лансирањето.
 
Автор: Aleksandar Stankov