Ниту LG ниту Samsung не се како Apple

Објавено на 29.12.2017 во Новости



Ниту LG ниту Samsung не се како Apple

Се поголем број на Android производители одговорно тврдат дека ја немаат праксата на Apple да ги успоруваат своите смартфони штом батеријата падне под оптималното ниво на работа со посебен софтвер кој го успорува процесорот за надминување на непредвиднени реакции.
Откако пред јавноста HTC и Motorola потврдија дека немаат што да кријат, истото го сторија LG и Samsung кои откриваат дека не ги успоруваат намерно нивните смартфони штом помине одреден временски период и иако батериите со текот на годините немаат исти перформанси, не вршат никакви интервенции во процесорот преку софтверски надградби.
Засега нема друг производител со слични пракси како Apple, па затоа мобилниот гигант се соочува со огромни проблеми и се поголем број на тужби од страна на корисници, а во меѓувреме најави дека цената за замена на батериите од 79 ја намалил на 29 долари.

Автор: Ljupco Aleksovski




 
Најнови телефони
 
  • Motion
  • Aurora
  • Keyone
  • DTEK60
  • DTEK50
  • Xperia L2
  • Xperia XA2 Ultra
  • Xperia XA2
  • U11 Eyes
  • U11 Plus
 


{}