Десктоп станицата за Galaxy S9 ќе биде напредна со безжично полнење

Објавено на 02.01.2018 во Новости



Десктоп станицата за Galaxy S9 ќе биде напредна со безжично полнење

Samsung го регистрираше брендот Dex Pad за десктоп станицата за претстојниот супер смартфон Galaxy S9. Десктоп станицата ќе има неколку измени и подобрувања, па така истовремено ќе се користи за безжично полнење на Galaxy S9, како и за безжично емитување на видео сигнал на надворешен монитор или телевизор без потреба од поврзување со кабел.

Ова се само дел од открените нови функции на Dex Pad десктоп станицата за Galaxy S9 која ќе има зголемена функционалност со тоа што екранот на допир на смартфонот ќе се користи како тракпад за управување со содржини.

Dex Pad ќе биде значајна алатка за тие кои сакаат поврзување на периферни единици со кои смартфонот може да се претвори во десктоп компјутер.





 
Најнови телефони
 
  • Watch Edition Series 3
  • Watch Series 3
  • Watch Series 3 Aluminum
  • Watch Edition Series 2 42mm
  • Watch Series 2 42mm
  • Watch Edition Series 2 38mm
  • Watch Series 2 38mm
  • Watch Series 2 Aluminum 42mm
  • Watch Series 1 Aluminum 42mm
  • Watch Series 2 Aluminum 38mm
 


{}