За прв пат потврден Nokia смартфон од генерацијата 2018

Објавено на 02.01.2018 во Новости



За прв пат потврден Nokia смартфон од генерацијата 2018

HMD Global очигледно годинава нема да промени многу во шемата за именување на своите смартфони, па така се очекува новите модели да ја задржат истата нумерација со додавката на 2018 што ќе означува дека се дел од втората генерација на смартфони со Android оперативен систем.

Прв уред за кој има ваква потврда е Nokia 6 (2018) кој е регистриран кај кинеската агенција TENNA ќе располага со 5.5 инчен Full HD смартфон, со осум-јадрен Snapdragon 630 процесор, 4 GB RAM, избор од 32 GB или 64 GB меморија, microSD слот, 16 мегапикселна главна камера и 8 мегапикселна селфи камера и скенер за отпечатоци на задната страна.

Nokia 6 (2018) со Android Oreo оперативен систем ќе пристигне во текот на првиот квартал годинава, а чекаме детали за неговата цена и достапност.

Автор: Aleksandar Stankov




 
Најнови телефони
 
  • Mate 10 Pro
  • G6
  • 3310 (2017) 3G
  • 8
  • 7
  • 6
  • 5
  • 3
  • 2
  • 105 (2017)
 


{}