Новиот Huawei P20 ѕвер со три задни камери за 2018

Објавено на 04.01.2018 во Новости



Новиот Huawei P20 ѕвер со три задни камери за 2018

очекува Huawei во 2018 година да објави три смартфони со дури три камери од задната страна: P20, P20 Plus и P20 Pro. Интересно е тоа што производителот сака да го прескокне бројот 11 во P-серијата. 

P20 и P20 Plus ќе бидат со Kirin 970, а P20 Pro со Kirin 975 процесор, при што сите тројца ќе бидат со 6GB RAM меморија и 64GB меморија за лични податоци. Сите три модели ќе имаат по три задни камери - камерите на P20 ќе бидат хоризонтално сместени во горниот лев агол, камерите на P20 Plus ќе бидат вертикално поставени во горниот лев агол, а P20 Pro камерите ќе бидат централно-вертикално сместени од задната страна.

Камерите ќе бидат со резолуција од 40MP и можност за 5X хибридно зумирање. Сензорот за отпечатоци на P20 и P20 Plus ќе биде од предната, а кај P20 Pro ќе биде од задната страна. Барем до MWC 2018 настанот не веруваме да дојдеме до ексклузивни нови информации за овие модели. Во секој случај, останете со нас.





 
Најнови телефони
 
  • Watch Edition Series 3
  • Watch Series 3
  • Watch Series 3 Aluminum
  • Watch Edition Series 2 42mm
  • Watch Series 2 42mm
  • Watch Edition Series 2 38mm
  • Watch Series 2 38mm
  • Watch Series 2 Aluminum 42mm
  • Watch Series 1 Aluminum 42mm
  • Watch Series 2 Aluminum 38mm
 


{}