Колку скандалот со батериите ќе го чини Apple?

Објавено на 04.01.2018 во Новости



Колку скандалот со батериите ќе го чини Apple?

Apple ќе има тешка 2018 година поради скандалот со батериите и намерното успорување на перформансите на процесорот без знаење на самите корисници. Според анлизите на Barclays се очекува Apple да има пад на продажбата на iPhone смартфони годинава за дури 16 милиони примероци што претставува голема загуба за вкупните приходи, а со тоа и на профитот.

Се проценува дека околу 5 милиони корисници на постари модели на iPhone ќе ја искористат можноста да ја заменат нивната батерија која сега наместо 79 долари за замена чини 29 долари од сервисите на Apple. 

Тоа ќе предизвика тие што имаат постари модели да не купуваат нов iPhone годинава, а исто така тука е групата на корисниц кои имаат загубена доверба во Apple и ќе сочекаат да видат како ќе се развива состојбата пред да се решат да дадат пари за нов скап iPhone.

Според пресметките Apple го очекува загуба од 4 до 5 милијарди долари годинава.





 
Најнови телефони
 
  • iPad 9.7 (2017)
  • Gear S
  • Gear S2 3G
  • Gear S2 classic 3G
  • Galaxy Tab S2 9.7
  • Galaxy Tab S2 8.0
  • Galaxy Tab 4 10.1 (2015)
  • Galaxy Tab E 9.6
  • Galaxy Tab 3 V
  • Galaxy Tab A 9.7 & S Pen
 


{}