Вип подарува мобилен интернет за сите корисници - Нека Трепка

Објавено на 05.01.2018 во Новости



Вип подарува мобилен интернет за сите корисници - Нека Трепка

Телекомуникациската компанија Вип ја започнува новата година со подароци и изненадувања за сите свои корисници на мобилната телефонија.   Сите припејд и постпејд мобилни корисници во првиот месец од годината добиваат подарок дополнителен интернет пакет, а со тоа и  уште поголема можност за слободна мобилна интернет комуникација. 

Сите постоечки и нови пост пејд корисници, активирани заклучно со втори јануари веќе на вториот ден од новата година добија подарок “Mесечен интернет пакет од 2 GB” што ќе можат да го искористат до 31 јануари годинава. Подарокот од дополнителен мобилен интернет го добиваат и оние корисници кои во меѓувреме направиле обнова или промена на тарифата.

Сите постоечки и нови припејд корисници пак кои ја активирале услугата заклучно со втори јануари добиваат подарок “Неделен интернет пакет од 1GB” што ќе можат да го искористат до 10 јануари оваа година.

Со овој подарок што го добиваат сите корисници на мобилната телефонија, Вип уште еднаш потврдува дека е компанија ориентирана кон подобрување на комуникациското искуство на своите корисници.

Повеќе информации можете да најдете на www.vip.mk или со јавување во контакт центарот на 077 1234.





 
Најнови телефони
 
  • Motion
  • Aurora
  • Keyone
  • DTEK60
  • DTEK50
  • Xperia L2
  • Xperia XA2 Ultra
  • Xperia XA2
  • U11 Eyes
  • U11 Plus
 


{}