Што нуди новиот Nokia 6 (2018) за пристојна цена?

Објавено на 06.01.2018 во Новости



Што нуди новиот Nokia 6 (2018) за пристојна цена?

HMD Global го скрши мразот годинава и го претстави својот прв смартфон кој е продолжение на ланската понуда. Станува збор за следната генерација на Nokia 6 2018 едиција кој доаѓа со неколку подобрувања во дизајнот со поефикасно склопена и потенка рамка, како и солидни перформанси за доста ниска цена од околу 250 долари.

Nokia 6 (2018) располага со 5.5 инчен IPS LCD дисплеј со резолуција од 1080 х 1920 пиксели, работи со осум-јадрениот Snapdragon 630 процесор од 2.2 GHz, има 4 GB RAM и мемориски избор со распон од 32 до 128 GB со слот за мемориска картичка, како стандардна батерија од 3000 mAh.

Изненадување е што Nokia 6 2018 доаѓа со постара верзја на оперативниот систем Android 7.1.1 Nougat наместо Oreo, a од новитетите располага со USB Type C 1.0 реверзибилен конектор, скенер за отпечатоци на задната страна, брзо полнење на батеријата, 16 мегапикселна главна камера со леќа од F/2.0, како и селфи камера од 8 мегапиксели.

 





 
Најнови телефони
 
  • iPad 9.7 (2017)
  • Gear S
  • Gear S2 3G
  • Gear S2 classic 3G
  • Galaxy Tab S2 9.7
  • Galaxy Tab S2 8.0
  • Galaxy Tab 4 10.1 (2015)
  • Galaxy Tab E 9.6
  • Galaxy Tab 3 V
  • Galaxy Tab A 9.7 & S Pen
 


{}