Motorola Moto G4 Play добива нов софтвер

Објавено на 07.01.2018 во Новости



Motorola Moto G4 Play добива нов софтвер

Motorola не го заборави моделот од средната класа Moto G4 Play и реши да обезбеди нова софтверска надградба која ја носи Android 7.0 Nougat надградбата. Секако, ова е еден чекор понапред, но не и директен скок кон Android 8.0 Oreo која е последната верзија на оперативниот систем. 

За следни надградби ќе треба да се почека бидејќи треба да се провери компатибилноста на Motorola Moto G4 Play и хардверските спецификации со новиот оперативен систем на Google. Секако, и со Nougat надградбата се доставени повеќе новитети меѓу кои активирање на Google Assistant апликацијата, како и безбедносни поправки. 

Автор: Ljupco Aleksovski




 
Најнови телефони
 
  • Watch Edition Series 3
  • Watch Series 3
  • Watch Series 3 Aluminum
  • Watch Edition Series 2 42mm
  • Watch Series 2 42mm
  • Watch Edition Series 2 38mm
  • Watch Series 2 38mm
  • Watch Series 2 Aluminum 42mm
  • Watch Series 1 Aluminum 42mm
  • Watch Series 2 Aluminum 38mm
 


{}