Microwear H5: Евтин смартчасовник со 4G технологија

Објавено на 11.01.2018 во Новости



Microwear H5: Евтин смартчасовник со 4G технологија

Новиот модел на Microwear H5 смартчасовник е објавен на Gearbest со 4G технологија. Уредот ќе се продава по промотивна цена од 89.99 долари во периодот од 8 јануари до 22 јануари. Часовникот располага со Android 6.0 оперативен систем, MTK6737 процесор со 4 јадра од ARM cortex-A53 1.3GHz, 1GB RAM меморија, 8GB ROM меморија, без поддршка за мемориска картичка.

Батеријата има капацитет од 650mAh, која трае до 2 дена, додека дизајнот е изработен од нерѓосувачки челик, што значи дека слободно можете со него да спортувате, нема да оксидира на влажност. H5 смартчасовникот има Wireless конекција преку 4G, Bluetooth 4.0, GPS, WiFi, со 1.54-инчен дисплеј со резолуција од 240х240 пиксели.

Microwear H5 има само една камера од предната страна со 5.0MP и поседува место за само една СИМ картичка. За слушање музика имате поддршка за MP3 формат, а за гледање видео MP4 формат. Од јазиците достапни ви се: едноставен кинески јазик, традиционален кинески, англиски, германски, шпански, италијански, француски, оригинал португалски, бразилско-португалски, руски, индонезиски, полски, виетнамски, еврејски, арапски, персиски, турски, јапонски и корејски јазик.

Сите овие функционалности на Microwear H5 ќе ви помогнат да бидете здрави и да ги следите сите показатели со мерење на бројот на отчукувања на срцето, имате двонасочен 4G повик, различни стилови со изгледи на екранот, ги мери вашите потрошени калории, јавување преку СИМ картичка. Производителот тврди дека со овој модел на смарт часовник добивате брзо искуство, без разлика дали чатувате на некоја апликација, слушате музика или гледате филм. 

GPS навигацијата преку сателит ќе ви помогне да се извлечете од било кој дел на светот. Microwear H5 е достапен на овој линк за многу поволна цена, што велите?

Автор: Ljupco Aleksovski




 
Најнови телефони
 
  • V30S ThinQ
  • K10 (2018)
  • K8 (2018)
  • Xperia XZ2 Premium
  • Xperia XZ2
  • Xperia XZ2 Compact
  • iPad 9.7 (2018)
  • Galaxy J7 Duo
  • Galaxy J7 Prime 2
  • Galaxy S9+
 


{}