Huawei под политички притисок во САД

Објавено на 10.01.2018 во Новости



Huawei под политички притисок во САД

САД води се поагресивна политика кон кинеските компании, па откако не го дозволи преземањето на MoneyGram од страна на Alibaba, го блокираше и пласманот на новиот смартфон Huawei Mate 10 преку американските мобилни оператори буквално во последна секунда.

Кина е разочарана од ваквата одлука на Конгресот на САД и ќе бара воведување на контра мерки. Кинеските економски експерти како Хе Вејвен сметаат дека САД се плашат од пробивот на новите технологии од Кина и можното преземање на американски компании преку спојување и аквизиции.

Образложението на Конгресот на САД е дека започнал нова истрага за заштита на приватноста на уредите на Huawei со оглед на тоа дека кинеската влада вршела притисок врз своите компании да дозволат шпионажа.





 
Најнови телефони
 
  • Mate 10 Pro
  • G6
  • 3310 (2017) 3G
  • 8
  • 7
  • 6
  • 5
  • 3
  • 2
  • 105 (2017)
 


{}