Project Linda: Концепт со Razer Phone во главна улога, комплет со лаптоп

Објавено на 12.01.2018 во Новости



Project Linda: Концепт со Razer Phone во главна улога, комплет со лаптоп

Razer е познат меѓу компјутерските игри, кој на CES саемот го претстави својот лаптоп со три екрани. Најдобрата спецификација на екраните е по неговата стапка од 120Hz и по тоа се разликува од другите на пазарот, додека Razer Phone е првиот смартфон со таква карактеристика.

Новата генерација на iPad Pro има иста рефреш рејт. На CES годинава Razer je го презентираше Project Linda. Со Razer Phone пристигна и наменски лаптоп со екран од 13,3 инчи, при што се работи за куќиште, тастатура и дисплеј, затоа што „душата и срцето“ на Lindа е всушност паметниот телефон. Razer Phone се става на специјално место, каде што е вграден тачпадот на стандардните лаптопи, па така може да ги користите деловите на компјутерот комплетно. 

Заедно со Razer Phone, куќиштето нуди 200GB меморија за лични податоци, USB-A и USB-C порт, веб камера од 720p и интегриран микрофон, што би требало да биде доволно за сите што сакаат да играат на Android платформата и тоа во движење. Одлична е опцијата за полнење на смартфонот додека е сместен во влезот на лаптопот, исто како што можете и буквално да го користите како тачпад. Како ви се допаѓа концептот на Project Linda?





 
Најнови телефони
 
  • Watch Edition Series 3
  • Watch Series 3
  • Watch Series 3 Aluminum
  • Watch Edition Series 2 42mm
  • Watch Series 2 42mm
  • Watch Edition Series 2 38mm
  • Watch Series 2 38mm
  • Watch Series 2 Aluminum 42mm
  • Watch Series 1 Aluminum 42mm
  • Watch Series 2 Aluminum 38mm
 


{}