Два инцидента со iPhone експлозии во Швајцарија и Шпанија

Објавено на 12.01.2018 во Новости



Два инцидента со iPhone експлозии во Швајцарија и Шпанија

Apple има неколку непријатни случувања периодов пред нова година и потоа. Прво имаше ситуација со бавното функционирање на старите iPhone модели, а сега со експлозии на нови iPhone смартфони во продавниците на Apple. Неделава се пријавени два такви случаи, во кои, за среќа, немало повреди со тешки последици.

Причините за несреќата со експлозиите се уште се испитуваат и ништо не е потврдено. Едниот iPhone телефон избувнал со оган во вторник во официјална продавница на Apple во Цирих, Швајцарија. Вработениот веднаш реагирал и при гасењето на пожарот се здобил со изгореници. Другиот телефон се запалил во Валенсија, Шпанија, конкретно се запалила батеријата на iPhone, при што персоналот се справил со огнот без проблем и без потреба од стручна помош од пожарникари. Компанијата нема официјален став за инцидентите.





 
Најнови телефони
 
  • Mate 10 Pro
  • G6
  • 3310 (2017) 3G
  • 8
  • 7
  • 6
  • 5
  • 3
  • 2
  • 105 (2017)
 


{}