Skype воведува приватни разговори со енкрипција

Објавено на 12.01.2018 во Новости



Skype воведува приватни разговори со енкрипција

Skype апликацијата за допишување ќе воведе приватни разговори со целосна енкрипција при што ќе се обезбеди многу побезбедна комуникација. Опцијата е наречена Private Conversation и се активира со испраќање на покана до контактот.

Откако ќе започне приватниот разговор пораките нема да може да бидат препраќани и уредувани, а ако сакате комуникацијата да ја продолжите на друг смартфон или компјутер ќе треба одново да ја испратите поканата.

Засега Private Conversation е дел од Insider програмата за тестирање на Skype, а наскоро се очекува да биде дел и од официјалната апликација која ја поседува Microsoft.

Автор: Aleksandar Stankov




 
Најнови телефони
 
  • Black Shark
  • Redmi Note 5 Pro
  • Redmi Note 5 (Redmi 5 Plus)
  • Redmi 5A
  • Redmi 5
  • Mi Mix 2s
  • Mi Mix 2
  • Mi Mix
  • Mi A1
  • Tab 7 Essential
 


{}