Откриени многу спецификации на Galaxy S9

Објавено на 12.01.2018 во Новости



Откриени многу спецификации на Galaxy S9

Samsung се подготвува за големо шоу на MWC во Барселона следниот месец, но уште сега протекоа голем број на детали за спецификациите на Galaxy S9. Овој премиум смартфон ќе ја задржи формата на својот претходник и дизајнерски ќе има минимални промени, но затоа се очекува нешто помоќен хардвер.

Samsung Galaxy S9 се очекува да располага со Super AMOLED дисплеј со Quad HD+ резолуција од  1440 x 2960 пиксели, ќе има 4 GB RAM, 64 GB основна меморија, селфи камера од 8 мегапиксели со автофокус, како и иновативна главна камера со 12 мегапиксели и динамичен избор на апаратура од комбинација на леќите со  f/1.5 / и f/2.4 широчина.

Samsung Galaxy S9 исто така ќе може безжично да се полни, а во пакет ќе дојде со AKG слушалки, додека пак маската ќе биде заштитена со IP68 сертификатот.



Прочитајте повеќе:


 
Најнови телефони
 
  • Mate 10 Pro
  • G6
  • 3310 (2017) 3G
  • 8
  • 7
  • 6
  • 5
  • 3
  • 2
  • 105 (2017)
 


{}