HTC: Vive Pro VR е врвниот виртуелен уред на пазарот

Објавено на 13.01.2018 во Новости



HTC: Vive Pro VR е врвниот виртуелен уред на пазарот

HTC го претстави својот најнов Vive VR уред со наставка Pro, затоа што се смета за најмоќниот VR уред на масовниот пазар. Има OLED дисплеи на леќите со неверојатна резолуција од 2880 x 1600 пиксели, што е зголемување дури за 78% во споредба на моменталниот стандард.

Со уредот има комплет интегрирани слушалки со врвни драјвери и вграден појачувач, со цел да им се понуди подинамичен и квалитетен звук на играчите. Има две камери од предната страна на уредот, како и дуален микрофон со напредна технологија за намалување на висината на звукот, како и нова трака за глава, која би требало да им овозможи на играчите удобно носење на уредот подолг период и подобра ергономија. Цената на Vive Pro VR се уште останува непозната.

Автор: Ljupco Aleksovski


Прочитајте повеќе:


 
Најнови телефони
 
  • iPad 9.7 (2017)
  • Gear S
  • Gear S2 3G
  • Gear S2 classic 3G
  • Galaxy Tab S2 9.7
  • Galaxy Tab S2 8.0
  • Galaxy Tab 4 10.1 (2015)
  • Galaxy Tab E 9.6
  • Galaxy Tab 3 V
  • Galaxy Tab A 9.7 & S Pen
 


{}