Samsung планира селфи камера под самиот дисплеј

Објавено на 19.01.2018 во Новости



Samsung планира селфи камера под самиот дисплеј

Samsung има иновативна идеја за идните смартфони каде селфи камерата би била сместена под самиот дисплеј на мобилниот уред, односно би работела на сличен принцип како претстојните скенери за отпечатоци од прсти кои исто така ќе се наоѓаат под самиот панел на екранот.

На овој начин ќе се создаде смартфон со целосна искористеност на предната површина изработена само од стакло и со присуство само на панелот за екранот без никакви други додатоци со што ќе се добие доста ефикасен дизајн.

Според патентите на Samsung под самиот дисплеј ќе се наоѓаат и звучникот, сите сензори и скенери, но оваа технологија допрва ќе се развива за различниот вид на функции сместени во еден панел.





 
Најнови телефони
 
  • Motion
  • Aurora
  • Keyone
  • DTEK60
  • DTEK50
  • Xperia L2
  • Xperia XA2 Ultra
  • Xperia XA2
  • U11 Eyes
  • U11 Plus
 


{}