Џеф Безос, шефот на Amazon, вози стара Honda Accord

Објавено на 21.01.2018 во Новости



Џеф Безос, шефот на Amazon, вози стара Honda Accord

Џеф Безос, сопственикот на Amazon, е најбогатиот човек на светот, кој поседува богатство од над 110 милијарди долари. Без разлика на моќта и парите, тој се уште е скромен кога станува збор за автомобили, затоа што се уште ја вози својата стара Honda Accord. 

„Постигни повеќе, со помалку“, гласи главното правило што Безос постојано го повторува на вработените во Amazon. Неговиот Accord е произведен во 1999 година, за кого вели дека е совршено одличен автомобил и не сака да го менува. Лидерот претходно имал друг стар автомобил Chevy Blazer, кој бил произведен во 1987 година. Инаку, Џеф прво дал отказ од WallStreet во 1994 година и потоа го основал Amazon. Неговиот старт бил со онлајн продажба на книги, со 10 вработени, а во 1997 година, Amazon веќе достигна вредност од 12 милијарди долари. Денес, 21 година подоцна, истата компанија вреди 600 милијарди долари!

Автор: Aleksandar Stankov


Прочитајте повеќе:


 
Најнови телефони
 
  • Watch Edition Series 3
  • Watch Series 3
  • Watch Series 3 Aluminum
  • Watch Edition Series 2 42mm
  • Watch Series 2 42mm
  • Watch Edition Series 2 38mm
  • Watch Series 2 38mm
  • Watch Series 2 Aluminum 42mm
  • Watch Series 1 Aluminum 42mm
  • Watch Series 2 Aluminum 38mm
 


{}