Откриени апликации на Android што крадат Facebook лозинки

Објавено на 23.01.2018 во Android



Откриени апликации на Android што крадат Facebook лозинки

На Android маркетот со апликации е откриена нов вид на вирус под името GhostTeam, кој е детектиран во 56 апликации од Google Play Store. Целта на GhostTeam е кражба на кориснички имиња и лозинки на Facebook, а воедно и корисниците агресивно се засипуваат со реклами со поп-ап прозорци.

Опасниот вирус се крие во апликациите што служат за фенер, компас, скенер за QR код, за чистење на телефонот, забавните апликации и оние за преземање на видеа. Самите апликации не го имаат злонамерниот компјутерски код, поради што се одобрува нивното излегување во Google Play. Кога ќе ги инсталирате, прво проверуваат дали уредот е емулатор или виртуелно опкружување, а потоа го преземаат GhostTeam, кој од сопствениците бара одобрување за пристап кон администраторските овластувања.

Вирусот собира податоци каде се наоѓа уредот, неговата локација, јазикот и параметрите за приказ. Кога ќе ја отворите Facebook апликацијата, од вас ќе побара повторно логирање како потврда, а кога ќе ги внесете корисничкото име и лозинката, ќе ги испрати на вашиот автор. 

Автор: Aleksandar Stankov




 
Најнови телефони
 
  • Watch Edition Series 3
  • Watch Series 3
  • Watch Series 3 Aluminum
  • Watch Edition Series 2 42mm
  • Watch Series 2 42mm
  • Watch Edition Series 2 38mm
  • Watch Series 2 38mm
  • Watch Series 2 Aluminum 42mm
  • Watch Series 1 Aluminum 42mm
  • Watch Series 2 Aluminum 38mm
 


{}