Huawei ја потврди Oreo надградбата за 9 Honor смартфони

Објавено на 24.01.2018 во Новости



Huawei ја потврди Oreo надградбата за 9 Honor смартфони

Huawei објави одлична вест која ќе израдува голем број на корисници на смартфоните Honor од нивниот суб-бренд. Според веќе потврдениот план ќе следи амбициозна софтверска надградба на дури 9 смартфони од поновите серии на Honor.

Надградбата со последната верзија на оперативниот систем Android 8.0 Oreo за Honor смартфоните веќе е во развој и се очекува да биде целосно комплетирана до крајот на првиот квартал годинава.

На листата на Honor смартфони кои ќе добијат Android 8.0 Oreo се:

• Honor 7X
• Honor 8
• Honor V8
• Honor Note 8
• Honor 8 Lite 
• Honor 9
• Honor 9 Lite 
• Honor 8 Pro/Honor V9 
• Honor View 10/Honor V10
 

Автор: Aleksandar Stankov




 
Најнови телефони
 
  • Motion
  • Aurora
  • Keyone
  • DTEK60
  • DTEK50
  • Xperia L2
  • Xperia XA2 Ultra
  • Xperia XA2
  • U11 Eyes
  • U11 Plus
 


{}