Bitcoin младите го гледаат како вложување во иднината

Објавено на 26.01.2018 во Новости



Bitcoin младите го гледаат како вложување во иднината

Уште не е познато кој навистина стои зад измислицата Bitcoin и тоа е една од најголемите мистерии во денешно време. Сатоши Накамото?! Човекот се крие зад кулисите и тука нешто мириса на невкусно. Како и да е, со популарноста на криптовалутата се појавија одредени профили на луѓе што купуваат bitcoin и со тоа сакаат да вложуваат во својата иднина.

Спроведено е истражување во САД од страна на SurveyMonkey и Global Blockchain Business Council, кое демонстрирало дека голем број на луѓе се информирани за bitcoin и многу добро знаат што е тоа, додека 5% од нив и купиле од криптовалутата. Над 70% од купувачите се мажи, од кои 58% се на возраст од 18 до 34 години. Психолозите велат дека таа возрасна група најмногу вложува затоа што најмогу е спремна за ризик.

Целта на вложувачите во криптовалутите биле поради „недостаток на доверба“ и „можност за голема добивка“. Третина од нив истакнуваат дека тоа е начин за да ги избегнат владините регулативи. Меѓутоа, 60% од нив истакнуваат дека вложувањето во bitcoin го гледаат како и било кое друго вложување за иднината.Се разбира, минатата година тоа најмногу се исплати затоа што цената на bitcoin скокна за неверојатни 1400%. Дали и вие сакате да купите bitcoin?





 
Најнови телефони
 
  • Watch Edition Series 3
  • Watch Series 3
  • Watch Series 3 Aluminum
  • Watch Edition Series 2 42mm
  • Watch Series 2 42mm
  • Watch Edition Series 2 38mm
  • Watch Series 2 38mm
  • Watch Series 2 Aluminum 42mm
  • Watch Series 1 Aluminum 42mm
  • Watch Series 2 Aluminum 38mm
 


{}