Слабата продажба на iPhone X лошо се одрази на Samsung

Објавено на 28.01.2018 во Новости



Слабата продажба на iPhone X лошо се одрази на Samsung

Послабата продажба на скапиот премиум смартфон iPhone X освен загуби за Apple предизвикува и негативни ефекти за конкурентот Samsung. Од една страна Samsung треба да е среќен бидејќи ослабнува конкуренцијата и до израз доаѓаат смартфони како Galaxy S8 и Galaxy Note 8, но од друга страна се намалуваат нивните приходи поради ограничени нарачки на OLED панели наменети за iPhone X.

Samsung со дисплеј дивизијата беше еден од главните добавувачи на Apple за OLED панелите на iPhone X но, со доцнењето на овој смартфон и заглавеното производство поради компонентите со True Depth камерата се изгуби и интересот кај купувачите на подолг рок.

Samsung посвети цела фабрика само за потребите на Apple со испорака на 100 илјади панели месечно од вкупното производство на 130 илјади OLED панели. Според досегашните анализи iPhone X се продал во само 29 милиони примероци и бележи надолен тренд во побарувачката. 
 

Автор: Aleksandar Stankov




 
Најнови телефони
 
  • Watch Edition Series 3
  • Watch Series 3
  • Watch Series 3 Aluminum
  • Watch Edition Series 2 42mm
  • Watch Series 2 42mm
  • Watch Edition Series 2 38mm
  • Watch Series 2 38mm
  • Watch Series 2 Aluminum 42mm
  • Watch Series 1 Aluminum 42mm
  • Watch Series 2 Aluminum 38mm
 


{}