Facebook ќе ги забрани рекламите со криптовалути и Биткоин

Објавено на 01.02.2018 во Новости



Facebook ќе ги забрани рекламите со криптовалути и Биткоин

Facebook ќе ги забрани сите реклами со криптовалути и Биткоин со цел да ги спречи луѓето да рекламираат „финансиски производи и сервиси што се најчесто поврзани со лажни ветувања“. Тоа значи дека никој, дури и оние со легитимни бизниси, нема да може да рекламираат понуди со дигитални валути. Рекламите што ја прекршуваат политиката на компанијата ќе бидат забранети на Facebook и Instagram.

„Новите правила се намерно толку широки со цел да имаме време да смислиме подобар начин да детектираме лажни реклами или оние што се обидуваат да ги измамат луѓето“, напишал Роб Ледерн, еден од техничките директори за реклами во Facebook.

Наглиот пораст на вредноста на криптовалутите доведе до појава на многу измами, а големите флуктуации во нивната вредност оставија многумина без пари. Од друга страна, измамите се незаконски.

Автор: Aleksandar Stankov




 
Најнови телефони
 
  • Watch Edition Series 3
  • Watch Series 3
  • Watch Series 3 Aluminum
  • Watch Edition Series 2 42mm
  • Watch Series 2 42mm
  • Watch Edition Series 2 38mm
  • Watch Series 2 38mm
  • Watch Series 2 Aluminum 42mm
  • Watch Series 1 Aluminum 42mm
  • Watch Series 2 Aluminum 38mm
 


{}