Sony Xperia премиум моделите добиваат подолга софтверска поддршка

Објавено на 03.02.2018 во Новости



Sony Xperia премиум моделите добиваат подолга софтверска поддршка

Sony Mobile откри дека нивните премиум смартфон од Xperia серијата ќе добијат подолготрајна сотверска поддршка, односно корисниците ќе може да очекуваат надградби и пласирање на нов софтвер во рок од најмалку две години.

Така смартфон кој годинава ќе биде лансиран со Android 8.0 Oreo ќе добие уште најмалку два циклуса на софтверски надградби со следните две верзии на оперативниот систем кој ќе го надградува Google. 

Од овој циклус на софтверски надградби во рок од најмалку две години не влегуваат поевтините смартфони на Xperia линијата бидејќи Sony Mobile не може да гарантира дека ќе добиваат нов софтвер бидејќи тоа зависи од самиот хардвер и неговите капацитети.





 
Најнови телефони
 
  • Motion
  • Aurora
  • Keyone
  • DTEK60
  • DTEK50
  • Xperia L2
  • Xperia XA2 Ultra
  • Xperia XA2
  • U11 Eyes
  • U11 Plus
 


{}