Sony Xperia XZ2 откриен по грешка од мобилен оператор

Објавено на 06.02.2018 во Новости



Sony Xperia XZ2 откриен по грешка од мобилен оператор

Мобилниот оператор Three Ireland на прашање на корисник на Twitter по грешка даде одговор за засега неофицијалниот смартфон Sony Xperia XZ2. Според одговорот на операторот кој подоцна беше избришан е откриено дека наскоро треба да пристигне Sony Xperia XZ2 со што практично му се „расипува“ изненадувањето на Sony Mobile кое треба да го приреди на претстојниот MWC 2018 мобилен саем во Бaрселона.

Засега повеќе детали за Sony Xperia XZ2 не се познати освен што се претпоставува дека ќе биде смартфон од премиум класата, па за повеќе информации следете не во наредниот период.

Автор: Ljupco Aleksovski




 
Најнови телефони
 
  • Motion
  • Aurora
  • Keyone
  • DTEK60
  • DTEK50
  • Xperia L2
  • Xperia XA2 Ultra
  • Xperia XA2
  • U11 Eyes
  • U11 Plus
 


{}