Таен девелоперски код за iOS објавен и отстранет експресно

Објавено на 09.02.2018 во iOs



Таен девелоперски код за iOS објавен и отстранет експресно

Никој не знае од каде дошол, но таен код што се наоѓа во сите уреди на Apple го пронајде својот пат до пошироката јавност. За експертите што се занимаваат со jailbreak уреди, кодот е познат во последните четири месеци. Всушност, се работи за код што го сочинува iBoot, односно втората фаза на подигнување на оперативниот систем на Apple уредите, одговорен за поправање на било какви софтверски грешки. 

Ако не се поправи системот, iBoot проверува дали програмот инсталиран на уредот е легален и дали уредот е спремен за користење. Токму поради неговата улога е клучен и важен за правилно функционирање на iOS, и добро е заштитен и закопан со програмски код. Проблемот настанува што може да се злоупотреби за се она што Apple најмалку би го посакал кога еднаш ќе го дознаат - инсталирање на лажни прилагодувања и верзии на софтвери и апликации, но и за отстранување на сите ограничувања што Apple ги вградува во уредите. Така системот станува и лесно ранлив за хакерски напади. 

Кодот што излегол на веб страницата GitHub што девелоперите го разменуваат, обично отворен код, наводно предизвикал паника во Купертин. Од компанијата на Тим Кук не сакале да ја потврдат веродостојноста на кодот, но факт е дека после нивниот приговор е експресно отстранет од страниците, но сепак се мисли дека е вистинскиот код. Звучи лошо, но корисниците на Apple во моментот не мора да стравуваат од хакерски напади, засега.





 
Најнови телефони
 
  • Motion
  • Aurora
  • Keyone
  • DTEK60
  • DTEK50
  • Xperia L2
  • Xperia XA2 Ultra
  • Xperia XA2
  • U11 Eyes
  • U11 Plus
 


{}