HomePod функционира само со алатките на Apple

Објавено на 10.02.2018 во Новости



HomePod функционира само со алатките на Apple

Во моментот на пазарот на смарт звучници доминираат Amazon и Google, а Apple сега им конкурираше со HomePod. Apple става акцент на квалитетот на звук, кој е одличен според реакцијата на корисниците дури и во споредба со Amazon Echo и Google Home. Меѓутоа, кога станува збор за гласовниот асистент, поврзувањето со други уреди и стриминг сервиси, аналитичарите не се толку задоволни. HomePod може да се поврзе само со iPhone, iPad, и iPod преку AirPlay, што значи дека оние што имаат Android нема да може да го користат.

Звучникот на Apple нема никакви дополнителни приклучоци, ниту влезови преку кои другите уреди може да се поврзаат со кабел. Звучникот има поддршка за Apple Music, што значи дека не може да одите на Spotify, Google Music или Amazon Music. Музиката со тие сервиси мора да ја стримате на звучникот, но нема да можете гласовно да ги контролирате, со глас да ги менувате песните, да паузирате, и слично. Siri ги нема сите опции како Siri на iPhone, што значи дека не можете преку него да бележите нови нешта во календарот, ниту да ги проверувате постоечките, не ги препознава различните корисници, не може да извршува телефонски повици директно, туку само преку iPhone и потоа се поврзува со HomePod.

Автор: Ljupco Aleksovski




 
Најнови телефони
 
  • Motion
  • Aurora
  • Keyone
  • DTEK60
  • DTEK50
  • Xperia L2
  • Xperia XA2 Ultra
  • Xperia XA2
  • U11 Eyes
  • U11 Plus
 


{}