Изворниот код за iPhone го украл практикант во Apple

Објавено на 11.02.2018 во Новости



Изворниот код за iPhone го украл практикант во Apple

Практикант од почетните нивоа на Apple го украл кодот за оперативниот систем iOs 9 на iPhone кој потоа заврши на јавно објавената страница на GitHub со што можеше да предизвика огромна штета врз многу корисници изложувајќи ги на хакерски напади и креирање на специјализиран малвер кој би ги заразил смартфоните. 

Практикантот го извлекол изворниот код за iOs 9 vo 2016 работејќи од помал тим од jailbreak заедницата за сопствени потреби. Потоа кодот се ширел и споделувал меѓу повеќе програмери, но работата излегла од контрола.

Apple секогаш го чува во строга тајност изворниот код кој не е отворен за јавноста и програмерите со што успева да одржи висок степен на безбедност. Секако ова е постара верзија на оперативниот систем но, хакерите и во тој случај може да извлечат многу корисни информации за тоа како функционира iOs и да креираат алатки за за злоупотреби.





 
Најнови телефони
 
  • Watch Edition Series 3
  • Watch Series 3
  • Watch Series 3 Aluminum
  • Watch Edition Series 2 42mm
  • Watch Series 2 42mm
  • Watch Edition Series 2 38mm
  • Watch Series 2 38mm
  • Watch Series 2 Aluminum 42mm
  • Watch Series 1 Aluminum 42mm
  • Watch Series 2 Aluminum 38mm
 


{}