Основачот на Facebook вака го поминува животот

Објавено на 11.02.2018 во Новости



Основачот на Facebook вака го поминува животот

Марк Цукерберг е еден од најголемите револуционери на 21 век, кој го основа Facebook во студентските денови. Се разбира, тој го посвети својот живот на бизнисот со социјалната мрежа, но секогаш мора да има време да биде со семејството, да вежба и да патува. 

Шефот на Facebook станува во 08:00 часот наутро и прво ги проверува своите профили на Facebook, Messenger и WhatsApp. Потоа продолжува да вежба, но ова го практикува само 3 пати во неделата и го зема кучето за џогирање. Потоа се враќа, појадува, ја облекува секогаш истата облека составена од обични фармерки и сива маица и оди на работа.

Марк Цукерберг посветува до 60 часа неделно за социјалната мрежа Facebook, а кога не е на работа постојано размислува на развој на бизнисот. 

„Најголем дел од времето го трошам за размислување, како да го поврзам светот и како подобро да му служи на општеството, но во најголем дел од тоа време, не го минувам во канцеларија или на средби со луѓе, т.е. тоа не е она што се нарекува вистинска работа“, открива Цукерберг.

Кога не е на работа, тој учи мандарински јазик, многу чита книги, се среќава со познати личности. Се разбира, сопругата Присила и ќерките Макс и Август никогаш не ги запоставува и покрај својот збиен календар.



Прочитајте повеќе:


 
Најнови телефони
 
  • Motion
  • Aurora
  • Keyone
  • DTEK60
  • DTEK50
  • Xperia L2
  • Xperia XA2 Ultra
  • Xperia XA2
  • U11 Eyes
  • U11 Plus
 


{}