Потврден нов смартфон на Sony со Full Display

Објавено на 12.02.2018 во Новости



Потврден нов смартфон на Sony со Full Display

Sony Mobile годинава целосно ќе се посвети на изработка на смартфони со Full Display со размер од 18:9 со цел да го фати последниот тренд во мобилната индустрија и во нив да ги примени сопствените стандарди со Bravia технологијата за најквалитетна HD слика.

Меѓу овие смартфони ќе биде и потврдениот Sony Xperia H8266 со Full Display со 1,080 x 2,160 пиксели, моќен осум-јадрен Snapdragon 845 процесор, 4 GB RAM, Android 8.0 Oreo оперативен систем, 12 мегапикселна напредна главна камера и селфи камера со 15 мегапиксели. 

Зад овој модел најверојатно се крие Sony Xperia XZ2, но за тоа чекаме дополнителна потврда. Податоците за Sony Xperia H8266 се појавија преку тест на бенчмарк сајтот Antutu.





 
Најнови телефони
 
  • Motion
  • Aurora
  • Keyone
  • DTEK60
  • DTEK50
  • Xperia L2
  • Xperia XA2 Ultra
  • Xperia XA2
  • U11 Eyes
  • U11 Plus
 


{}