Huawei P smart е нов моќен уред од средна класа

Објавено на 13.02.2018 во Новости



Huawei P smart е нов моќен уред од средна класа

Huawei го претстави новиот Huawei P smart, смартфон со целосно нов EMUI 8.0 оперативен систем и фокус на FullView Display дизајнот. Новата технологија со Smart Face Beauty, снимање на гестикулации и останатите функции дефинитивно ќе ги привлече младите корисници.

Речиси сите нови смартфони на пазарот доаѓаат со целосен приказ на екранот, многу тенок, со речиси невидливи рамки. Huawei P smart доаѓа со FullView FHD+ дисплеј со големина од 5.65-инчи, кој покрива 80% од предниот панел. 

Huawei P smart има две задни камери 13MP + 2MP, но и Smart Face Beauty начин за снимање на гестови. Благодарение на прецизните сензори, 13MP HD камерата нуди фокусирање во реално време со висока прецизност. Оваа серија има и ISP процесор Hisilicon со подобрена експресија на бои и намалување на шумот, овозможувајќи ви да направите квалитетни фотографии во било кое време. Предната камера изнесува 8MP е доволно е добра за да се фотографирате селфи.

Со EMUI 8.0 и Kirin 659 процесор, Huawei P smart на интелигентен начин ги учи навиките на корисниците, точно го предвидува однесувањето на корисниците и прецизно го закажува процесорот со цел однапред да обезбеди простор за лансирање на апликации во иднината и така овозможува максимално искуство. Цената на уредот е се уште непозната.

Автор: Aleksandar Stankov




 
Најнови телефони
 
  • Watch Edition Series 3
  • Watch Series 3
  • Watch Series 3 Aluminum
  • Watch Edition Series 2 42mm
  • Watch Series 2 42mm
  • Watch Edition Series 2 38mm
  • Watch Series 2 38mm
  • Watch Series 2 Aluminum 42mm
  • Watch Series 1 Aluminum 42mm
  • Watch Series 2 Aluminum 38mm
 


{}