Хакирани страници на државни институции за рударење на монеро

Објавено на 13.02.2018 во Новости



Хакирани страници на државни институции за рударење на монеро

Официјални страници на државни институции во САД и Велика Британија биле заразени со злонамерен софтвер за рударење на криптовалути. Над 4200 страници се заразени со малициозна верзија на софтвер, кој наводно на оние што слабо гледаат им помага во полесно снаоѓање на страниците. Хакерите што ги заразиле страниците со ваков софтвер за само неколку часа собрале огромни количини од криптовалутата монеро.

Монеро не е толку вредна валута како биткоин, но сепак 235 долари од едно монеро не се за фрлање. Се разбира, злонамерниот софтвер сега е деактивиран, но не е познато колкава штета е нанесена и колку монера се соберени. 





 
Најнови телефони
 
  • Watch Edition Series 3
  • Watch Series 3
  • Watch Series 3 Aluminum
  • Watch Edition Series 2 42mm
  • Watch Series 2 42mm
  • Watch Edition Series 2 38mm
  • Watch Series 2 38mm
  • Watch Series 2 Aluminum 42mm
  • Watch Series 1 Aluminum 42mm
  • Watch Series 2 Aluminum 38mm
 


{}