Android корисниците ќе може да праќаат СМС од прелистувачите

Објавено на 13.02.2018 во Android



Android корисниците ќе може да праќаат СМС од прелистувачите

СМС порано беше единствен начин за масовна комуникација меѓу луѓето, но сега се користат чет сервиси на интернет. Сепак, СМС останува популарен начин на комуникација и покрај тоа што сме постојано онлајн. Типкањето преку хардверска тастатура е побрзо и поедноставно, отколку со виртуелната тастатура.

Затоа можно е наскоро да имаме нова опција за сите што користат Android. Пораки ќе може директно да се праќаат од прелистувачите на интернет страниците како што се Chrome, Firefox, Microsoft Edge и Explorer. Новата функција ќе може да се активира со смартфон преку скенирање на QR кодот на страницата за праќање на пораки, по што телефонот се поврзува со компјутерот и директно од прелистувачот ќе се праќаат пораки. Постапката ќе мора да се повторува со секое испраќање на СМС пораки.





 
Најнови телефони
 
  • Motion
  • Aurora
  • Keyone
  • DTEK60
  • DTEK50
  • Xperia L2
  • Xperia XA2 Ultra
  • Xperia XA2
  • U11 Eyes
  • U11 Plus
 


{}