Ценовник за купувањето на информации од Dark Web

Објавено на 14.02.2018 во Новости



Ценовник за купувањето на информации од Dark Web

Најбараната роба на интернет на Dark Web се кориснички имиња и лозинки од мејл, Facebook, Twitter, Netflix, банкарска сметка, возачка дозвола, пасош и слично. Онлајн криминалците плаќаат високи суми на пари за да дојдат до таква информација. 

На пример, Netflix или Spotify профилите за хакерите не се важни, затоа што ништо не можат да направат со нив, но би можеле да бидат влезница за Facebook или на друг сервис, каде може да се најдат бесценети информации. Замислете ако дојдат и до вашите интимни фотографии, колку пари може да извлечат со уцена од вас?! Безбедносните експерти од компанијата Experian објавија ценовник за најбараните нешта на Dark Web од минатите две години. 

За лични податоци најчесто се плаќа по 2.000 долари, а за 1 долар се продаваат податоци за идентификациски број (social security number во САД), општо корисничко име и лозинки за нефинансиски сервиси. Корисничко име и лозинка за сервиси за плаќање како што е на пример Paypal се купуваат за цена од 20 до 200 долари, додека информациите за кредитни или дебитни картички се плаќаат од 5 до 110 долари - цената со CCV број е поскапа за 5 долари, а за 15 долари плус се продаваат и останатите податоци за банката што ги издала картичките.

Податоците за претплатнички сервиси се продаваат од 1 до 10 долари, 20 долари се информациите за возачката дозвола, додека 30 долари може да се добијат пакет информации за корисниците. Информации за диплома се од 100 до 400 долари, медицински податоци до 1000 долари, додека американските пасоши на Dark Web се од 1000 до 2000 долари.

Автор: Aleksandar Stankov




 
Најнови телефони
 
  • Motion
  • Aurora
  • Keyone
  • DTEK60
  • DTEK50
  • Xperia L2
  • Xperia XA2 Ultra
  • Xperia XA2
  • U11 Eyes
  • U11 Plus
 


{}