Мобилната дивизија на HTC остана без развоен директор

Објавено на 14.02.2018 во Новости



Мобилната дивизија на HTC остана без развоен директор

Чиалин Ченг директорот за развој на мобилни уреди при мобилната дивизија на HTC си поднесе оставка која пред јавност е претставена како предизвикана од лични причини, а не поради политиките на компанијата и остварените резултати кои се далеку од прифатливи.

Ченг беше задолжен за одделот кој развива и иновира технологии за следните генерации на смартфони, но HTC не успеа да се наметне кај купувачите со атрактивен мобилен уред кој ќе биде екстремно посакуван во премиум класата како iPhone или Galaxy.

Исто така поради лошите финансиски резултати HTC одлучи мобилната дивизија да му ја продаде на Google кој ќе ја користи за развој на сопствени мобилни уреди.





 
Најнови телефони
 
  • Motion
  • Aurora
  • Keyone
  • DTEK60
  • DTEK50
  • Xperia L2
  • Xperia XA2 Ultra
  • Xperia XA2
  • U11 Eyes
  • U11 Plus
 


{}