Со летови стартува првиот дрон такси во Кина

Објавено на 14.02.2018 во Новости



Со летови стартува првиот дрон такси во Кина

Кинескиот стартап Ehang го стартуваше проектот за првото беспилотно такси возило кое ќе превезува патници во градот Гвангжу. Активиран е летечки автомобил од нивно производство со моделот 184 кој се смета за доволно моќен вертикално да полета и да превезе патници до посакуваната дестинација по воздушен пат со што ќе го избегне густиот градски сообраќај.

За да се возат во такси дронот патниците не мора да знаат да управуваат со него. Меѓутоа, оние кои имаат искуство со пилотирање, сепак можат да летаат користејќи ги и рачните команди.

„Ниту едно од досегашните летечки возила не може да овозможи целосно самостоен лет, така што се уште се далеку од (превоз на) обични луѓе. Но, нашиот успешен лет денеска покажа дека сцените од научно-фантастичните филмови се многу блиску до обичните луѓе“, изјави Ху Хуажи директорот на Ehang.

На тест летовите биле ангажирани над 150 инженери, кои тестирале, меѓу другото, и вертикално подигнување товар од 230 килограми и забрзување до 130 километри на час.

Дронот е едносед и може да пренесе еден патник со маса до 100 килограми во лет од 23 минути, соопштија од компанијата. Истиот проект на Ehang веќе се развива во Дубаи за беспилотно пренесување на патници со дронови. 

Автор: Ljupco Aleksovski




 
Најнови телефони
 
  • Motion
  • Aurora
  • Keyone
  • DTEK60
  • DTEK50
  • Xperia L2
  • Xperia XA2 Ultra
  • Xperia XA2
  • U11 Eyes
  • U11 Plus
 


{}