Ја паметите ли Driver за првиот PlayStation?

Објавено на 14.02.2018 во Новости



Ја паметите ли Driver за првиот PlayStation?

Првата гејмерска конзола на Sony PlayStation е една од најомилените на сите времиња бидејќи многумина корисници со голема носталгија се потсетуваат на деновите кога беа деца и за прв пат фатија џојстик во рака.

На почетокот на 2000 години излегуваа постојано атрактивни наслови во новиот енџин на PlayStation кој беше значително понапраден и пофункционален од тие на Nintendo, SEGA и останатите конкуренти.

Според анкетата на Ranker на носталгичното прашање која е најдобра игра за  PlayStation 1 игра на сите времиња мнозинството од анкетираните се одлучиле за Driver, една од првите фантастични open world симулации чиј рецепт подоцна многу успешно го надоградија и искористија наслови како GTA и Mafia.

Автор на играта што беше претставена во Европа на 25 јуни, 1999 година, а во Америка 5 дена подоцна, е компанијата GT Interactive Software.

Целосната листа изгледа вака:

1. Driver

2. Digimon World 2003

3. Dreams

4. Pop'n Music 2

5. Pop'n Music: Animation Melody

6. 1Xtreme

7. 2Xtreme

8. 3, 2, 1... Smurf! My First Racing Game

9. 3D Baseball

10. 3D Bouncing Ball Puzzle



Прочитајте повеќе:


 
Најнови телефони
 
  • Motion
  • Aurora
  • Keyone
  • DTEK60
  • DTEK50
  • Xperia L2
  • Xperia XA2 Ultra
  • Xperia XA2
  • U11 Eyes
  • U11 Plus
 


{}