Apple Watch предвреме детектира срцев удар и дијабетес

Објавено на 15.02.2018 во Новости



Apple Watch предвреме детектира срцев удар и дијабетес

Никој не беше воодушевен од првиот Apple Watch, дури ниту најголемите љубители на овој часовник. Сега Apple Watch од генерација до генерација е се подобар, со побрз хардвер и подобар софтвер. 

Сега Apple Watch е за сите љубители на фитнес и здрав начин на живеење, со кој без проблем може да пливате и да ги мерите вашите отчукувања на срцето. Анализите покажуваат дека Apple Watch и апликацијата Cardiogram би можеле да го предупредат корисникот пред потенцијално да добие срцев удар, а развиен е и алгоритам што може да открие атријална фибрилација. Веќе има случаи во кои Apple Watch ги предупредил корисниците со проблематична работа на срцето, уште пред да се појават симптомите за срцев удар и така им го спасил животот на истите.

Неодамна е проверено со истражување и дека Apple Watch со анализа преку DeepHeart може да детектира дијабетес во рана фаза. Докажано е дека Apple Watch може да препознае дијабет со прецизност од дури 85%. 





 
Најнови телефони
 
  • Watch Edition Series 3
  • Watch Series 3
  • Watch Series 3 Aluminum
  • Watch Edition Series 2 42mm
  • Watch Series 2 42mm
  • Watch Edition Series 2 38mm
  • Watch Series 2 38mm
  • Watch Series 2 Aluminum 42mm
  • Watch Series 1 Aluminum 42mm
  • Watch Series 2 Aluminum 38mm
 


{}