LG Optimus L3 – нов евтин смартфон со Android

Објавено на 31.01.2012 во Новости



LG Optimus L3 – нов евтин смартфон со Android

 

Благодарение на една шведска веб-страна за продажба дознаваме дека уште еден смартфон ќе му се приклучи на LG Optimus семејството.
 
Имено се работи за LG E400 Optimus L3, а за таа цена добивате обичен смартфон со Android 2.3 Gingerbread. Тој доаѓа со 3,2 инчен дисплеј и камера од 3 мегапиксели.
 
За процесорот засега ништо не се знае (иако не очекуваме ништо посебно), но барем ќе има Wi-Fi.
 
Не се знае ниту кога ќе го видиме во понудите, но изгледа дека ќе биде официјално претставен на саемот во Барселона напролет.
 
Автор: Aleksandar Stankov