Видео: Биткоинот беше предвиден уште пред дваесет години

Објавено на 19.02.2018 во Новости



Видео: Биткоинот беше предвиден уште пред дваесет години

Нобеловецот и еден од пионерите на модерната економија Милтон Фридман уште во 1999 година успешно прогнозираше дека ќе се создадат дигитални виртуелни валути слични како што денес се биткоинот или етереумот и тоа на почетокот на интернет револуцијата.

Според Фридман е-валутата ќе има позитивни страни како олеснување на користињето на услугите на интернетот, како што денес биткоинот се користи за многу електронски купување и интернет услуги, но така и негативни страни бидејќи и криминалците ќе може многу полесно да ги вршат своите активности без контрола од страна на властите. 

Фридман е основач на неолиберализмот, односно економија која има минамален степен на регулација од страна на владата каде пазарните динамики, побарувачка и понуда ги формираат цените и економските параметри. Според неговите учења економски раст може да се постигне со поттикнување на потрошувачката, намалени даноци и практично негирање на школата на економистот Кејнс. 

Тој беше еден од главните советници на американскиот претседател Роналд Реган, но денес неговите учења се контрадикторни бидејќи предизвикаа суров капитализам и формирање на мега корпорации со неограничена моќ и неправична распределба на личниот доход. 

 





 
Најнови телефони
 
  • Watch Edition Series 3
  • Watch Series 3
  • Watch Series 3 Aluminum
  • Watch Edition Series 2 42mm
  • Watch Series 2 42mm
  • Watch Edition Series 2 38mm
  • Watch Series 2 38mm
  • Watch Series 2 Aluminum 42mm
  • Watch Series 1 Aluminum 42mm
  • Watch Series 2 Aluminum 38mm
 


{}