Кој настрада во новата истрага за измама со биткоини?

Објавено на 22.02.2018 во Новости



Кој настрада во новата истрага за измама со биткоини?

Властите на САД преземаат поголема акција за сузбивање на сомнителните берзи за размена на криптовалути, а најнова жртва е Џо Монтрол „Укијо“, основачот на биткоин сајтот BitFunder кој учествуваше и во креирање на WeExchange платформата на која илјадници инвеститорите им беа украдени вложените биткоини.

Монтрол е одведен пред суд по обемна истрага предводена од Департманот за правда на САД, ФБИ како и Комисијата за супервизија и осигурување на тргувањето. Тој ќе се соочи со кривично обвинение за измама на корисниците и неовластено тргување без соодветни дозволи и гаранции и прикажување на лажна состојба..

Исто така и самата Комисија води против него цивилна постапка за нарушување на правилата на тргување на берза со секјуритизација користејќи ги биткоините како мамка за инвеститорите. 

BitFunder беше помошна страна на подоцна формираната WeExchange платформа за криптовалути која беше напдната од хакери кои украдоа 6000 биткоини на корисниците. Кога Монтрол не можел да го реши проблемот со хакерите недостигот на биткоини привремено го покрил со сопствената залиха на криптовалутата, но за тоа прикажал лажни документи пред Комисијата. 





 
Најнови телефони
 
  • Watch Edition Series 3
  • Watch Series 3
  • Watch Series 3 Aluminum
  • Watch Edition Series 2 42mm
  • Watch Series 2 42mm
  • Watch Edition Series 2 38mm
  • Watch Series 2 38mm
  • Watch Series 2 Aluminum 42mm
  • Watch Series 1 Aluminum 42mm
  • Watch Series 2 Aluminum 38mm
 


{}