Кајлин Хонг: Xiaomi е горд што го постави Full Display трендот

Објавено на 27.02.2018 во Новости



Кајлин Хонг: Xiaomi е горд што го постави Full Display трендот

Пред речиси две години кога се појави првиот концепт за смартфон без рамка околу екранот на Xiaomi многумина се сомневаа дека ваков вид на дизајн е реален. Сепак, Xiaomi не разочара и го лансираше првиот смартфон со екран од „раб до раб“ Xiaomi Mi Mix со што покрена еден нов тренд во мобилната индустрија за максимално искористување на предната површина.

Во меѓувреме Xiaomi го лансираше и Mi Mix 2 моделот кој има уште поефикасен дисплеј со покриеност на предната површина со панелот од над 80%. Full Display технологијата ја усовршија и Samsung, Apple, Huawei како и останатите конкуренти со свои специфични карактеристики и веќе речиси и да нема нов смартфон кој не располага токму со ваков вид на екран. Затоа ја запрашавме Кајлинг Хонг од Xiaomi за можноста за иновации во периодот што следува.

„Ние во Xiaomi сме навистина горди што го поставивме овој тренд. Секогаш сме целосно посветени на квалитетни иновации, а многу внимаваме и на самите детали. Xiaomi Mi Mix 2 е уникатен смартфон со целосно тело од керамика, додека на задната камера има заштитен прстен со 8 каратно злато. Свесни сме дека корисниците сакаат оригиналност па затоа вложуваме многу во специфичностите на дизајнот за тие да бидат впечатливи и секако функционални“, вели Кајли Хонг менаџер за комуникации на Xiaomi за telefoni.mk.

Според Хонг во наредниот период мобилните брендови се повеќе ќе се натпреваруваат во категоријата корисничко искуство, а Xiaomi ќе се потруди да обезбеди што е можно повеќе иновации, како во хардверот така и во софтверот.

Директно од MWC 2018 во Барселона

Х.С.





 
Најнови телефони
 
  • Watch Edition Series 3
  • Watch Series 3
  • Watch Series 3 Aluminum
  • Watch Edition Series 2 42mm
  • Watch Series 2 42mm
  • Watch Edition Series 2 38mm
  • Watch Series 2 38mm
  • Watch Series 2 Aluminum 42mm
  • Watch Series 1 Aluminum 42mm
  • Watch Series 2 Aluminum 38mm
 


{}