Фото: Sony Xperia Ear Duo - Моќни безжични слушалки

Објавено на 28.02.2018 во Новости



Фото: Sony Xperia Ear Duo - Моќни безжични слушалки

Sony Mobile го продолжува високото темпо на лансирање на квалитетни слушалки кои имаат перфектен дизајн и голема функционалност. На годинешниот MWC2018 во Барселона Sony претстави нов модел на безжични слушалки Xperia Ear Duo кои се големо изненадување бидејќи нудат голем број на можности со интегрирањето на паметниот Siri асистент на Apple за давање гласовни команди, како и поддршка за Google Assistant на Android платформата.

Мотото на Sony Xperia Ear Duo е да направи се што е можно за корисниците да работат или возат непречено без никакви дистракции. Со Dual Listening системот кој е вистински новитет корисникот ќе може да слуша музика, но и звуци од околината за да биде свесен за се што создава уникатно искуство.

Вештачката интелигенција игра голема улога во функционирањето на Sony Xperia Ear Duo слушалките, па така со климање на главата ќе може да примите или одбиете телефонски повик, а со смарт гестови се управува слушањето на музика.

Безжичните Sony Xperia Ear Duo слушалки ќе чинат 280 долари, а во продажба ќе бидат достапни од мај заедно со кутија за полнење. Sony Xperia Ear Duo може да издржат до четири часа активно користење со едно полнење на батеријата.





 
Најнови телефони
 
  • Watch Edition Series 3
  • Watch Series 3
  • Watch Series 3 Aluminum
  • Watch Edition Series 2 42mm
  • Watch Series 2 42mm
  • Watch Edition Series 2 38mm
  • Watch Series 2 38mm
  • Watch Series 2 Aluminum 42mm
  • Watch Series 1 Aluminum 42mm
  • Watch Series 2 Aluminum 38mm
 


{}