Sony Xperia XZ2 и XZ2 Compact: Светла точка на MWC 2018

Објавено на 28.02.2018 во Новости



Sony Xperia XZ2 и XZ2 Compact: Светла точка на MWC 2018

Sony штандот беше еден од најголемите на Mobile World Congress, кој ги презентираше новите модели од XZ серијата - Xperia XZ2 и XZ2 Compact.

Како што може да видите на блескавиот штанд прво ве пречекува Compact моделот со блескав дизајн и портабилен дизајн.

Sony XZ2 Compact е помал во споредба со предводникот XZ2, и има малку послаби перформанси. Доаѓа со 5 инчен дисплеј, кој зафаќа 73.5% од предниот панел, резолуција 1080х2160 пиксели, и густина на пиксели пд 483ppi, што значи висока точност на боите.

Compact има заштита на стакло Gorilla Glass 5, Android 8.0 Oreo оперативен систем, батерија со капацитет од 2870mAh, Snapdragon 845 процесор, 4GB RAM меморија и 64GB меморија за лични податоци, која може да се прошири и до 400GB со microSD картичка. 

Предводникот Sony Xperia XZ2 има исти перформанси како Compact, само што доаѓа со поголем 5.7 инчен Full HD+ HDR дисплеј и резолуција од 1080 пиксели и Corning Gorilla Glass 5 заштита на екранот.

Има 19MP Motion Eye главна задна камера , која има многу корисни и иновативни алатки за креирање на забавени снимки, HDR режим за снимање и фотографирање, Автоматско фокусирање, а што е најважно, камерата брзо реагира и нема да губите време со фокусирање и фаќање детали.

 Што се однесува до видео снимањето, може тоа да го правите во 4K Full HD резолуција и притоа нема да имате никакви проблеми.

Батеријата на предводникот е 3180mAh, предната камера на XZ2 изнесува5MP, со широчина на леќи F2.2, која е доволно добра за правење на квалитетни селфи фотки.

Директно од Барселона,
А.М.



Прочитајте повеќе:


 
Најнови телефони
 
  • Watch Edition Series 3
  • Watch Series 3
  • Watch Series 3 Aluminum
  • Watch Edition Series 2 42mm
  • Watch Series 2 42mm
  • Watch Edition Series 2 38mm
  • Watch Series 2 38mm
  • Watch Series 2 Aluminum 42mm
  • Watch Series 1 Aluminum 42mm
  • Watch Series 2 Aluminum 38mm
 


{}